Tuesday, October 26, 2010

BizSpark

Обично, кога фирма почнува да гради инфраструктура од нула, и ме прашува за совет, препорачувам некое од GNU/FreeBSD серверските решенија. Просто, почетните трошоци се помали на и онака преоптеретениот буџет на start-up фирмата, да мораат да ги плаќаат и софтверските решенија од големите компании. Сето ова се промени кога пред извесно време дознав за проектот на Microsoft наречен BizSpark.

На кратко, сега се нуди можност за малите компании кои почнуваат, да користат бесплатно систем базиран на Microsoft решенија, во период од 3 години. По истекот на овој период, целиот софтвер користен останува во сопственост на фирмата. Секако, има некои услови за стекнување на правото на учество во овој проект, но доколку не работите подолго од 3 години и развивате софтвер кој ќе биде основа на вашатa фирма, погледнете го следниов линк: http://www.microsoft.com/BizSpark/Faqs.aspx#Startup-Question2

Пред да бидам распнат како некој кој прешол на темната страна (Microsoft), да напоменам дека јас сум пред се админ, и дека кога барам решенија за технички проблеми, поаѓам од реални основи како цена, време, применливост и се занимавам со тривијални работи како доведување на некоја апликација или функционалност достапна за крајните корисници, не со ширење на религија (Linux) :) 

Сум користел FreeBSD, OpenBSD, разно-разни линукси и Windows-и, секојпат барајќи оптимално решение.  Се трудам да немам предрасуди, и овојпат морам да го пофалам Microsoft, дека со проектов ги приближува своите решенија кон малите и средните корисници, во почеток на нивниот развој како фирма, кога се најосетливи. 

Толку за вечерва, чинам :)



Поклони се и почни

Откако ме убедија дека треба да пишувам блог (наредба -> разбирам!), ми преостана само да пробам и да се забавувам додека ја зголемувам  ентропијата на нетот :)

Ќе пробам да ги доловам веселите моменти во животот на еден админ, и по можност да оставам и некое решение на секојдневните проблеми. Мојата тековна работа е sys&net админ во Многоо Медиа, и повеќето од текстовите ќе бидат поврзани со техничките решенија позади http://www.mnogoo.mk

и то...